ДАВАЛ АВТОГРАМИ, МУ ГО „ЗДИПЛИЛЕ“ ЧАСОВНИКОТ Левандовски го бркал крадецот
Кога Левандовски го спуштил прозорецот од автомобилот за да им даде автограми на три лица, крадецот успеал од возилото да го дофати часовникот.
На полскиот фудбалер Роберт Левандовски, кој во оваа сезона премина во Барселона од Баерн Минхен, денеска му бил украден часовник вреден 70 илјади евра.
Додека возел кон клупската база на закажаниот тренинг повеќе навивачи го чекале на кружниот тек кај тренинг комплексот. Кога Левандовски го спуштил прозорецот од автомобилот за да им даде автограми на тројца навивачи, крадецот успеал од возилото да го дофати неговиот часовник. Станува збор за престижен модел „Патек Филип“ вреден 70.000 евра. Левандовски се обидел да го стигне крадецот и да си го врати часовникот, но разбојникот побегнал, а фудбалерот го загубил од вид.
Левандовски го пријавил случајот во шпанската полиција и таа успеала за кратко време да го пронајде крадецот, кој го признал делото. Полицијата го пронашла часовникот закопан во градината во близина на базата на Барса.