ПОРАНЕШЕН ПОЛИЦАЕЦ ОСУДЕН ЗА УЧЕСТВО ВО КРАЖБА НА ЗЛАТО Доби 5 години затвор

Според Основниот суд во Гостивар, Пињоли им го ставил на располагање на маскираните разбојници службениот автомобил „шевролет спарк“, откако претходно го онеспособил полициското радио.

1

Гостиварскиот суд го осуди поранешниот полицаец Ардијан Пињоли (38) од Кичево на пет години затвор за спектакуларниот грабеж во златарница во Гостивар во октомври минатата година.

Според Основниот суд во Гостивар, Пињоли им го ставил на располагање на маскираните разбојници службениот автомобил „шевролет спарк“, откако претходно го онеспособил полициското радио.






Пињоли, заедно со уште неколку припадници на кичевската полиција, беа уапсени две недели по масовниот грабеж.

Судот претходно осуди друг полицаец во Кичево, кој се изјасни за виновен, на три и пол години затвор.

Кражбата се случила во октомври лани, кога во вечерните часови маскирани и вооружени лица го блокирале патот пред гостиварска златара и украле 18 килограми злато во вредност од 1,8 милиони евра.

Поврзани содржини