ГО НАМАМИЛЕ, ГО НАПАДНАЛЕ И ГО ОГРАБИЛЕ Вработена спречила можен присилен брз кредит откако мажот ѝ сигнализирал за помош

Четириесет и петгодишна жена и 52-годишен маж од Куманово се приведени под сомнение дека измамиле и физички нападнале 64-годишник, му ги одзеле парите и телефонот, а потоа се обиделе да го принудат да подигне брз кредит.

1

Две лица од Куманово се лишени од слобода под сомнение дека измамиле и физички нападнале 64-годишен маж, му ги одзеле парите и мобилниот телефон, а потоа се обиделе да го принудат да подигне брз кредит од финансиско друштво.

Станува збор за 45-годишната С. Б. и 52-годишниот Р. Т., кои биле приведени на 22 октомври, соопшти СВР Куманово.






Според пријавеното, жената го повикала 64-годишниот маж во својот дом, наводно за да ѝ помогне да купи мобилен телефон. Но, кога пристигнал во дворот, Р. Т. физички го нападнал, додека С. Б. му ги одзела парите и телефонот.

По нападот, двајцата наводно го принудиле мажот да замине во финансиско друштво за да подигне брз кредит. Тој, сепак, успеал да ѝ даде знак на вработената дека не постапува доброволно, по што таа повикала полиција.

Полициските службеници ги привеле осомничените. Од СВР Куманово информираат дека по целосното документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Поврзани содржини