ЌЕ ИМА ЛИ РЕАКЦИЈА? Дрворед заѕидан во ограда во Охрид
Се очекува реакција на општинската администрација во Охрид.
Граѓанската иницијатива Охрид СОС вчера објави слики на кои се гледа како дел од дрворедот кој води кон Горна Порта е заѕидан во ограда на имот на жител на Охрид.
„После асфалтирањето на дрвјата на угорницата кон Горна Порта пред извесно време, наши сограѓани посведочија и за заѕидување на дрворед, во непосредна близина. Ги повикуваме институциите да извршат увид на местото и да се утврди кој и зошто го направил ова“, напишаа во коментарот на Фејсбук од иницијативата Охрид СОС.
Можеби ќе ве интересира
