ПОЖАРНИКАРИТЕ БАРААТ ПОМОШ ОД ДРУГИ ГРАДОВИ Гори магацин со играчки во Штип
Се надевам дека за брзо време пожарот ќе биде локализиран. Првичните причини укажуваат дека од надвор дошло запалено ѓубре, па поради ветерот кој е со голема брзина се префрлил во внатрешниот дел, велат од штипската противпожарна единица.
Штипската противпожарна служба попладнево била алармирана поради пожар во магацин со детски играчки.
Силниот ветер го отежнува гаснењето на огнената стихија која започнала надворешно од запалено ѓубре. На терен се четири пожарникарски возила од ТППЕ Штип со 15 пожарникари, а помош е побарана од Свети Николе и Кочани.
-Се надевам дека за брзо време пожарот ќе биде локализиран. Првичните причини укажуваат дека од надвор дошло запалено ѓубре, па поради ветерот кој е со голема брзина се префрлил во внатрешниот дел – велат од штипската противпожарна единица.
Тие посочуваат дека поради ветрот потешко се одвива гаснењето на пожар за кој се надеваат дека за брзо време ќе биде локализиран.