ЕВА БРАУН ДА СЕ ВРАТИ КАЈ СВОЈОТ ФИРЕР Петиција за депортација на наводната љубовница на Путин

Зошто криете помагачи на режимот на Путин? Време е Ева Браун да се врати кај својот лидер, пишува во резимето на петицијата,

1,082

Голем број на луѓе ја потпишаа петицијата со која бараат депортација од Швајцарија на наводната љубовница на Владимир Путин, поранешната гимнастичарка Алина Кабаева.

Како што пренесува британски „Тајмс“, во петицијата Кабаева е опишана како „сопруга на заблуден диктатор“ и се наведува дека „Ева Браун се врати кај својот фирер“. Петицијата досега ја потпишале над 56.000 луѓе.






И весникот „Дејли мејл“ објави дека противниците на Владимир Путин и руската инвазија, меѓу нив има  Украинци, Белоруси и Руси, испратија порака до швајцарските власти барајќи Алина да биде протерана од земјата.

Алина наводно се крие со своите деца во луксузна вила во Швајцарија.

„Зошто криете помагачи на режимот на Путин? Време е Ева Браун да се врати кај својот лидер“, пишува во резимето на петицијата,

Нема проверени докази дека Алина е во Швајцарија.

Поврзани содржини