ЗАПЛЕНЕТА МАРИХУАНА ВРЕДНА 50.000 ЕВРА Разбиена група шверцери на дрога

316

Полицијата пресече транспорт на марихуана, со вкупна тежина од 25,3 килограми, вредна 50.000 евра, при што од слобода се лишени три лица.

Во текот на јануари 2022 првопријавениот М.А. ја набавил дрогата и го ангажирал Д.К. на 24 јануари со рент-а-кар возило „форд фокус“ да ја пренесе до викенд куќа на местото Голиево во Мирковци, изнајмена од страна на првопријавениот.  На 25 јануари, откако М.А. договорил купопродажба на 10 килограми марихуана во струмичкото село Василево, ги ангажирал Д.К. и Ј.К. да ја пренесат дрогата со возилото „форд фокус“ во Василево, а М.А. со остатокот од дрогата, со патничко возило „шевролет калос“ со скопски регистарски ознаки, се упатил кон Скопје.






На автопатот Скопје-Штип, во близина на местото Преод, од страна на полициски службеници, при извршен преглед на „фокусот“, управуван од Д.К., каде како совозач бил Ј.К., во задниот дел биле пронајдени вреќа со марихуана во вкупна количина од околу 10 килограми и торба со остатоци од марихуана, а кај лицата биле пронајдени пари во различни валути и апоени. Двете лица биле лишени од слобода,

При контрола на патничко возило „шевролет калос“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А., во  багажниот простор биле пронајдени торба со 30 пакувања марихуана, неколку засебни пакувања со марихуана, две дигитални ваги со остатоци од марихуана, во вкупна количина од над 15 килограми. М.А. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.

Поврзани содржини