КОШАРКАРОТ ЈАВНО ПОТВРДИ ДЕКА ПОВТОРНО ЈА ИЗНЕВЕРИЛ КАРДАШИЈАН Извини, детето навистина е мое (ФОТО)
Тристан во објавата призна дека тој е таткото на новородениот син на манекенката Марали Николс, а веќе во наредната објава ѝ се извини на Клои, велејќи дека таа не го заслужува тоа што ѝ го направил.
НБА ѕвездата Тристан Томпсон на својот Инстаграм ги потврди приказните дека повторно ја изневерил ријалити ѕвездата Клои Кардашија, со која ја има ќерката Тру, а која повеќепати му ги прости неверствата.
Имено, Тристан во објавата призна дека тој е таткото на новородениот син на манекенката Марали Николс, а веќе во наредната објава ѝ се извини на Клои, велејќи дека таа не го заслужува тоа што ѝ го направил.
„Денеска резултатот од татковството откри дека сум татко на детето Марали Николс. Ја преземам целосната одговорност за моите постапки. Сега кога е воспоставено татковството, со нетрпение го очекувам пријателското воспитување на нашиот син. Искрено им се извинувам на сите што ги повредив или разочарав за време на ова искушение, јавно или приватно“, напиша Томпсон.
„Клои, ти не го заслужуваш ова. Ти не ја заслужуваш болката и понижувањето што ти ги нанесов. Не заслужуваш како се однесувам со тебе со години. Моите постапки не беа во склад со начинот на кој те гледам. Имам само почит и љубов кон тебе. Без разлика на тоа што мислиш сега. Повторно, неверојатно ми е жал“, напишав НБА кошаркарот.
View this post on Instagram
Марали Николс поднела тужба тврдејќи дека Томпсон е таткото, а судските документи велат дека имале сексуален однос на прославата на неговиот роденден во март 2021 година.
Многумина сметаат дека неговото обраќање до јавноста е лажно. Впрочем, Клои и порано ја изневерувал, а таа му простила. Двајцата имаат тригодишна ќерка.
ФОТО: Инстаграм