📽️ ПО РЕЧИСИ ДВЕ ДЕЦЕНИИ СОФИЈА БУШ ПРОГОВОРИ ЗА БРАКОТ СО КОЛЕГАТА „Станав пријателка со жените со кои ме изневеруваше“

Актерката од серијата „One Tree Hill“ откри дека денес е блиска со некои од жените со кои ја изнаверувал Чад Мајкл Мареј. Нивниот брак траел само пет месеци, а Софија сега вели дека со текот на годините сите созреале и дека на минатото гледа поинаку.

0

Софија Буш (44) отворено проговори за краткиот брак со актерот Чад Мајкл Мареј (45), нејзиниот колега од серијата „One Tree Hill“. Во гостувањето во подкастот „Call Her Daddy“, актерката откри дека со текот на годините се спријателила со некои од жените со кои, според нејзините тврдења, Мареј ја изневерувал додека биле во брак.

– Пишував за некои пријателства што ги создадов со жени со кои, веројатно, никој не би очекувал да разговарам, а кои навистина ми значат – раскажа Буш, која наскоро треба да ги објави мемоарите „And I Will Tell You Mine: Notes from a Life in Progress“.






Кога водителката Алекс Купер ја праша дали станува збор за жени со кои Мареј наводно ја изневерувал, актерката потврди дека со некои од нив денес е пријателка. Таа објасни дека сите се промениле во меѓувреме и дека луѓето што биле тогаш не се исти со оние што се денес.

– Кога ќе погледнам околу себе, си велам: ‘Одлична, одлична, одлична, одлична’. Навистина сум во добро друштво – рече таа, алудирајќи на жените со кои денес има добри односи. Потоа, низ шега, му порача на поранешниот сопруг дека очигледно имал добар вкус.

Буш и Мареј се запознале на снимањето на тинејџерската серија „One Tree Hill“ и започнале врска во 2003 година. Се венчаа во април 2005 година, кога таа имала 22, а тој 23 години. Сепак, нивниот брак траел само пет месеци, а разводот бил официјализиран во декември 2006 година.

Актерката ретко зборува за тој период, но сега објасни дека заздравувањето ѝ помогнало да го прифати минатото и да зборува за него без огорченост. Во интервјуто нагласи дека на поранешниот сопруг му посакува добро и дека сите во меѓувреме пораснале, станале возрасни луѓе и родители.

Во мемоарите се осврнала и на советот што го добила од колешката Хилари Бартон, која претходно работела со Мареј и ја предупредила да не започнува врска со него. Буш призна дека советот бил добар, но дека во тоа време немала доволно искуство за да ја согледа ситуацијата.

Денес и двајцата имаат нови партнери и продолжиле со животот. Мареј е во брак со актерката Сара Ромер, со која има три деца, додека Буш во 2025 година се омажи за поранешната фудбалерка Ешлин Харис. Актерката вели дека искуствата од минатото ја научиле многу за себе, а неочекуваните пријателства што произлегле од нив ги смета за посебен подарок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sophia Bush (@sophiabush)

Поврзани содржини