„АВСТРАЛИЈА ОПЕН“ ГИ МЕНУВА ПРАВИЛАТА САМО ПОРАДИ ЃОКОВИЌ? На турнирот ќе играат и невакцинирани тенисери
На сила ќе остане правилото секој невакциниран тенисер да мора да објасни зошто не е вакциниран, па дури потоа да може да настапи на „Австралија Опен“.
Организаторот на тенискиот турнир „Австралија Опен“ планира д аго промени правилото и да дозволи невакцинирани тенисери да натапуваат на турнирот, објавија австралиските медиуми, а како што потенцираат, главниот „виновник“ за ваквиот потег на организаторот е најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ.
Имено, организаторот планира да основа специјален одбор од три лица во кој ќе бидат и лекаер од општа пракса, имунолог и епидемиолог.
Сепак, на сила ќе остане правилото секој невакциниран тенисер да мора да објасни зошто не е вакциниран, па дури потоа да може да настапи на „Австралија Опен“.
Тоа значи дека Србинот ќе може да настапи на турнирот во Австралија, без оглед на тоа што јавно не сака да објави дали е вакциниран против коронавирусот.