ДАЛИ ВИ ТРЕБААТ СУПЛЕМЕНТИ НА ВИТАМИН Д? Речиси половина од светската популација има недостаток на сончевиот витамин
Ако обрнете внимание на просторот во аптеката каде што стојат витаминските суплементи, сигурно ќе забележите голем број на суплементи на витамин Д. Има добра причина за тоа!
Во приказната за недостаток на витамин Д секогаш оди и приказната за сончањето како најдобар начин да се добие овој витамин. Сепак, што треба да се има на ум кога е зимскиот период во годината, а недостатокот на витамин Д мора да се реши.
Ако обрнете внимание на просторот во аптеката каде што стојат витаминските суплементи, сигурно ќе забележите голем број на суплементи на витамин Д. Има добра причина за тоа!
Според една статија објавена во Journal of Pharmacology & Pharmacotherapeutics, речиси 50 отсто од светската популација има недостаток на овој витамин, што треба да биде причина за загриженост, имајќи предвид дека витаминот Д е клучен за коските.
„Витаминот Д е од суштинско значење за нашето тело бидејќи помага во апсорпција на калциум. Тој служи, меѓу другото, да го блокира ослободувањето на хормони кои можат да доведат до кршливи коски“, тврди нутриционистот Кери Ганс.
Со други зборови, витаминот Д е многу важен, а многумина од нас не добиваат доволно од него. За да дознаете дали можеби сте еден од нив, прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.