СЕВЕРИНА КАКО АНЏЕЛИНА ЏОЛИ НА ХАЛОУВИН Пејачката се маскираше во вештерката од „Maleficent“ (ФОТО)
На сликата од Инстаграм Северина покажа и што подготвила за гостите: наместо слатки, синоќа кај Северина дома се јадело овошје и зеленчук.
Познатата хрватска пејачка Северина Вучковиќ синоќа со своите следбеници на Инстаграм сподели фотографии од прославата на Ноќта на вештерките, пишува Индекс. Пејачката се маскираше во злобната волшебничка од филмот „Maleficent“ (Злотвор) во кој глумеше Анџелина Џоли и навестила дека синоќа славела со синот Александар.
View this post on Instagram
„Ноќ на вештерките во соседството …“, напиша Северина, спомнувајќи ги имињата Анимари, Рока, Лука, Алекса и Тене во хаштагови.
А, на постот веднаш ѝ коментираше нејзината сосетка, на што Северина возврати:
„Мојата најмила сосетка“.
На сликата од Инстаграм Северина покажа и што подготвила за гостите: наместо слатки, синоќа кај Северина дома се јадело овошје и зеленчук.