ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ТРЕЈЛЕР ЗА НАЈОЧЕКУВАНИОТ ФИЛМ – „ГУЧИ“ Дали Леди Гага ќе добие Оскар? (ВИДЕО)
Филмот е базиран на книгата „Куќата Гучи: Сензационална приказна за убиство, лудило, гламур и алчност“ од Сара Геј Форден, објавена во 2001 година.
Објавен е вториот трејлер за филмот „Гучи“ на режисерот и продуцент Ридли Скот, а кино премиерата е најавена за 24 ноември.
Патриција Реџиани Мартинели, попозната како леди Гучи, а во филмот ја игра пејачката Леди Гага, беше прогласена за виновна за нарачаното убиство во 1998 година.
Имено, Патриција го нарачала убиството на нејзиниот сопруг Маурицио Гучи поради љубомора бидејќи планирал да се ожени со помлада жена, но и поради тоа што ѝ пречел начинот на кој управува со имотот. За злосторството, на убиецот му платила околу 300.000 евра. Откако била откриена, добила казна затвор од 26 години.
Во филмот за овој скандал публиката ќе ги гледа Леди Гага, Ал Пачино, Џереми Ајронс и Џаред Лето, како и Селма Хаек.
Филмот е базиран на книгата „Куќата Гучи: Сензационална приказна за убиство, лудило, гламур и алчност“ од Сара Геј Форден, објавена во 2001 година.
ФОТО: Јутјуб