ИЗБОРНИОТ ДЕН МИНА ВО МИРНА И ФЕР АТМОСФЕРА Министерот Спасовски вели граѓаните знаат што е демократија

Министерот посочи дека МВР одговорило наверемено на сите пријави за нерегуларности на гласањето во вториот круг од локалните избори.

133

Денот мина во мирна и фер и безбедна атмосфера. Искрени честити за граѓаните кои покажаа дека знаат што е демократија, порача на прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој потенцираше дека демократијата, како што рече, станува дел од нашите животи.

-Во текот на целиот изборен ден граѓаните покажаа на дело што значи партнерскиот однос на МВР со граѓаните, потенцираше Спасовски.






Министерот посочи дека МВР одговорило наверемено на сите пријави за нерегуларности на гласањето во вториот круг од локалните избори.

-МВР одговори на сите пристигнати пријави. Не се регистрирани никакви посериозни инциденти и поголеми нарушувања на изборниот процес, рече министерот Спасовски кој нагласи, дека до 19 часот, нотирани се 31.7% намалување на пријавите во споредба со изборите во јули 2020 и се бележи најголемо намалување на изборните поткупи.

До МВР вкупно се пристигнати 114 пријавени настани, најмногу во Штип, Куманово, Битола и Скопје.

Поврзани содржини