Италјанската актерка Моника Белучи ќе глуми во комедијата „Мафија мама“, заедно со Тони Колет и Роб Хубел, а во режија на Кетрин Хардвик. Режисерката е позната по хорор-романсата „Самрак“.
Филмот раскажува за една Американка од предградието која неочекувано го наследува мафијашкото царство на својот дедо. Таа ги предизвикува и туѓите и сопствените очекувања со одлуката да го прифати „семејниот бизнис“.
Снимањето на филмот ќе почне пролетта 2022 година во Италија.