РОБОТ САМОСТОЈНО ОДИ, ЛЕТА И ВОЗИ СКЕЈТБОРД Леонардо е подготвен да оди на Титан (ВИДЕО)
Сложено, но интригантно однесување се случува кога птиците се движат. Тоа е нешто помеѓу одење и летање, додаде Чунг. Сакавме да го разбереме и да научиме од тоа.
Лео, Леонардо или „LEgs ONboARD“ дрон е името на новиот човеколик робот кој, како птица, може напоредно и по желба да оди и лета, а според авторите и да вози скејтборд, пишува Футуризам. Веќе нема бегање од роботите, тие ќе можат да не стигнат во ôд, а Лео ќе биде идеален за да носи опрема и да работи на Марс или на Сатурновата месечина Титан, сметаат неговите креатори од институтот Калтек во Калифорнија.
„Ја црпевме инспирацијата од природата,“ објави неделава Сун-Џо Чун, авторот на студијата, во списанието „Научна Роботика“.
– Сложено, но интригантно однесување се случува кога птиците се движат. Тоа е нешто помеѓу одење и летање – додаде Чунг. – Сакавме да го разбереме и да научиме од тоа.
Целта на истражувачите не била да излезат со следниот пронајдок што може да се продава на масовно ниво, туку да се тестираат нови начини на движење за роботи, што значи завршување на опасни работи и истражување на тешко достапни места.
Еден голем предизвик за тимот беше да заштеди доволно енергија за да му овозможи на роботот да лета, а исто така и да помине одредено растојание.
– Врз основа на видовите пречки што треба да ги помине, Лео може да избере да користи или одење или летање, или да ги спои двете по потреба – рече Патрик Спилер, коавтор на студијата.
Следно, тимот се надева дека ќе ја намали тежината на Лео и ќе го зголеми ударот на своите пропелери за да му овозможи да покрие уште поголем простор.
Тоа е токму она што ни требаше: апокалиптичен дрон-убиец кој не само што може да лета, туку и да трча и да нè стигне.