ЕДЕН ОД НАЈСТАРИТЕ МОЗАИЦИ ВО СВЕТОТ Случајно го пронашле на гробишта во Турција (ВИДЕО)

Во центарот на Турција, багер случајно го пронашол овој мозаик, со димензии три на седум метри, се состои од 3.147 камчиња, а се наоѓа на гробиштата во провинцијата Јозгат.

3,504

Археолозите откриле мозаик стар околу 3.500 години, кој може да е еден од најстарите мозаици во светот.

Во центарот на Турција, багер случајно го пронашол овој мозаик, со димензии три на седум метри, се состои од 3.147 камчиња, а се наоѓа на гробиштата во провинцијата Јозгат.






На ова подрајче, површинските истражувања започнале во 2008 година, додека ископувањата во 2012 година.

-Ископувањата ги спроведува Генералниот директорат за културно наследство и музеи, Универзитетот Бозок и италијанскиот Универзитет во Пиза. Овој мозаик е постар од мозаиците откриени во Грција. Научните студии открија дека ова е еден од најстарите мозаици во историјата, а тоа е потврдено со мувлата, која е доста оригинална – рече Хусеин Чифци, провинциски директор за култура и туризам.

Поврзани содржини