ВИДЕО КОЕ ЌЕ ВИ ЈА СТОПЛИ ДУШАТА Под прозорот на Клиника, им пееја на децата од хематологија во Скопје
Пред Клиниката се собраа родители на деца кои го победиле канцерот, средношколци и други луѓе, со песна им дадоа поддршка на дечињата кои не се со месеци излезени од Клиниката.
Иницијативата која ја покренала Марија Тасев, да се разубави денот и да се поддржат децата од хематологија беше успешна. Пред Клиниката се собраа родители на деца кои го победиле канцерот, средношколци и други луѓе, со песна им дадоа поддршка на дечињата кои не се со месеци излезени од Клиниката.
„Пеевме за дечињата од хематологија. Секоја сабота во 20 часот ќе има пеење. Ти честитам Марија Тасев за иницијативата и честа вака граѓански да се вклучиме во една хумана мисија. Го снимив видеото единствено за да знаете дека и вие некоја сабота можете да им ја развеселите вечерта на овие деца кои цела година немаат излезено од клиниката. Вечерва имаше средношколци, родители на деца што победиле канцер, но и други граѓани како нас што едноставно сакаме да развеселуваме детски срца“, пишува во објавата.
Видеото можете да го погледнете тука.