НЕМА ВЕЌЕ ГРУПНО ГЛАСАЊЕ Спремете ги прстите, ќе гласаме
Во ДИК се надеваат дека е исполнет и последниот услов за одржување на изборите и дека ќе се оствари правото „еден гласач, еден глас“.
– Ние имавме подготовки од два дена кои траеја по цел ден, така што сме подготвени за почеток на изборите, ја чекаме одлуката на претседателот на Собранието Талат Џафери. По донесувањето на одлуката и добивањето од страна на Службен весник, веднаш ќе одржиме седница на која треба да го донесеме роковникот за спроведување на локалните избори – посочија од ДИК.