📽️ ОСУМГОДИШНО ДЕТЕ КАЖА ШТО ИСКРЕНО МИСЛИ ЗА МАКРОН Еден збор ја натера француската телевизија да се извини
Осумгодишно момче го изненади новинарот со навредлив одговор на прашањето зошто учествува на протестите во Париз. Обидот на репортерот да ја смири ситуацијата не успеа, а телевизијата подоцна призна дека не требало да му даде простор на детето.
Осумгодишно момче предизвика непријатна ситуација во директен телевизиски пренос од протестите во Париз, откако го нарече францускиот претседател Емануел Макрон „кретен“. Новинарката на францускиот јавен сервис Франс Инфо се обиде да го прекине навредливиот говор, но детето продолжи, по што телевизијата јавно се извини.
Момчето присуствувало на протестната прошетка со својот татко, кој претходно разговарал со репортерот за причините поради кои излегол на улица, објави „Ле Фигаро“.
Таткото објаснил дека на протестот дошол главно поради средношколците и студентите, надевајќи се дека владата ќе покаже поголемо разбирање за нивните барања.
– Единствениот што не слуша е Макрон. Макрон, мора да ги слушаш младите луѓе, тоа е најважното нешто – рекол тој, додавајќи дека сака францускиот претседател што поскоро да ја напушти функцијата.
Кога новинарката му го подала микрофонот на осумгодишното момче, одговорот бил уште поостар.
– Мислам дека Макрон е кретен, како сите тие лоши полицајци – рекло детето.
1/2 🇫🇷France. French journalist decided to interview a child at the protests, and this is what came out of it:
Journalist: Why did you come to the protest with your dad today? What do you think about it?
Marcel: Well, I think Macron is an asshole, just like all these lousy cops🤷♂️ https://t.co/RRO9GfAY1C— Roberto (@UniqueMongolia) November 8, 2026
Репортерката се обидел да го предупреди дека во програма во живо не треба да се користат навредливи зборови. Момчето, сепак, продолжило со критиките и навредите кон претседателот, а неговиот татко на крајот го прекинал разговорот.
По реакциите на јавноста, раководството на Франс Инфо објави извинување поради емитувањето на изјавите на детето.
„Раководството на Франс Инфо жали што детето даде навредливи коментари во живо за време на демонстрациите. Иако водителот одговори на овие коментари, не требаше да му дадеме простор на детето. Упатствата во овој поглед беа повторени“, се наведува во соопштението.
Протестите во Париз и во други француски градови се одржаа во саботата, четврти викенд по ред, поради високите трошоци за живот, намалената куповна моќ и барањата за поголеми инвестиции во образованието.
Според проценките на синдикатите, на протестниот марш во Париз учествувале околу 75.000 луѓе, додека на ниво на целата земја бројот на демонстранти се движел меѓу 146.000 и 250.000.