ФРАНЦИЈА ДОБИВА СТОЛЧЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА УКРАИНА Париз сè уште не открива кого ќе испрати во Абу Даби

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро најави силно европско присуство на разговорите што Вашингтон ги организира на 10 и 11 ноември. Русија веќе го објави составот на својата делегација, но засега не е познато кој ќе ја претставува Франција.

0

Европските претставници ќе учествуваат на преговорите за завршување на војната во Украина, закажани за 10 и 11 ноември во Абу Даби. Франција го потврди своето присуство на средбата организирана од САД, на која се очекуваат делегации од Русија и Украина, објави Ројтерс.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, во интервју за радиото РТЛ, најави дека европските земји ќе бидат силно застапени.






– Европејците ќе имаат силна застапеност. Франција ќе биде во Абу Даби и ќе учествува во овие дискусии – рече Баро.

Тој додаде дека сè уште не може да открие кој ќе ја претставува Франција, но нагласи дека нејзиното присуство е извесно.

Американскиот претставник Стив Виткоф претходно најави дека во Абу Даби ќе се соберат делегации од Украина и Русија. Разговорите треба да бидат посветени на завршувањето на војната, повоените безбедносни аранжмани и намалувањето на воените тензии.

Кремљ во саботата го потврди составот на руската делегација, соопшти портпаролот Дмитриј Песков.

Меѓу руските претставници ќе бидат советникот на Кремљ Владимир Медински, заменик-министрите за надворешни работи Сергеј Рјабков и Михаил Галузин, како и шефот на руската воена разузнавачка служба Игор Костјуков.

Во делегацијата ќе учествува и високиот офицер на Генералштабот Јуриј Жигарловски, заедно со други дипломатски и воени претставници.

Абу Даби веќе беше домаќин на трилатерални разговори меѓу Русија, САД и Украина на 23 и 24 јануари годинава.

Поврзани содржини