ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕ ОТВОРА ПРЕДМЕТИ НА БАРАЊА НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ Закани од СДСМ за обвинителот Савески дека го чека иста судбина како колегите од Србија

Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

36

Јавното обвинителство оформува предмети врз основа на докази, не врз основа на барања од политички партии, е ставот на Обвинителството што го пренесоа неколку медиуми откако лидерот на СДСМ Венко Филипче побара итно да се отвори предмет за „Алта Банка“ АД Битола и да се истражи улогата на премиерот Христијан Мицкоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во овој случај.

Премиерот Мицкоски денеска рече дека нема ништо против и дека се согласува Обвинителството да отвори случај и да спроведе истрага.






СДСМ отворено му се закани на републичкиот обвинител Ненад Савески кому му порача дека во Србија се апсат обвинители, па доколку не постапи според очекувањата и него го чека иста судбина.

– Доколку Обвинителството не постапи, СДСМ највува кривични пријави за Алта банка. Го потсетуваме Савески дека јавниот обвинител мора да биде независен и да работи според Уставот и законите. Дека со полагањето заклетва му дал збор на народот. Видовме дека наскоро се очекуваат апсења на обвинители во Србија. Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија. Савески, часовникот отчукува. Постапете веднаш! – рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Како што е познато, Филипче во деновите по отварањето на случајот упорно бара истрага против премиерот Христијан Мицкоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, иако владата нема никаква врска со банкарскиот сектор. Дури побара и вклучување на Европското јавно обвинителство во проверката на финансиските текови поврзани со банката.

 

Поврзани содржини