ДИК ГИ ОБЈАВИ КОНЕЧНИТЕ БРОЈКИ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Јахији освоил 4.442 гласови, а Радичевски 4.177 гласови
Кандидатот на Националната алијанса за интеграција, Аркин Јахији, предводена од ДУИ, е победник на предвремените избори за градоначалник во Општина Брвеница, покажуваат податоците на Државната изборна комисија (ДИК).
Тој освоил 4.442 гласови, а кандидатот Стојанчо Радичевски од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, освоил 4.177 гласови, по пребројани 100 отсто на избирачките места.
Според пребројаните гласови, имало 201 неважечки ливчиња.
Во вториот груг од гласањето, излезноста беше 54,29 отсто. Гласале 8.820 од 16.256 запишани избирачи.