Мицкоски до Пендаровски: Народот ќе ве памети по кукавичката одлука за прославата на Илинден

Македонија може и без Вас и без мене и без политичарите, но што сме ние без неа и народот, му порача Мицкоски на шефот на државата.

1,156

Политичар кој се плаши од својот народ треба веднаш да се спакува и да ја напушти политиката. Лидерство се покажува и во добри и во лоши моменти. Непочитување кон жртвата на хероите дадена за Македонија, македонскиот народ и нација претставува токму „циркузантската“ минијатура во форма на мини колона која треба да ја предводи Претседателот, обезбедувана од два баталјони полиција без присуство на народ, во време кога пред 118 години хероите во Крушево ја завршиле работата, му одговори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на претседателот на државата Стево Пендаровски.

Шефот на државата денеска, како што соопшти неговиот кабинет, е крајно непријатно изненаден од квалификацијата на господинот Мицкоски, според која, утрешното чествување на најголемиот македонски празник – Илинден, во Крушево ќе биде „циркуски церемонијал“.






„Жалам што поради сопствениот страв од соочување со народот, големата лична суета и елитизмот сакате да обезличите настан кој не е на политичарите, туку тоа е настан на народот. Народот кој се борел за Македонија, кој се бори и ќе продолжи да се бори. Вие еден ден нема да бидете Претседател и ќе заминете, ќе Ве паметат по тоа што ќе оставите позади Вас, но ќе Ве запаметат и по оваа кукавичка одлука да му го одземете на народот чествувањето на жртвата на Илинденците. Со кое право цензурирате традиција, тоа не го правеле ниту поробувачите, ниту комунистите, ниту најголемите негатори на македонскиот народ, посебност, култура и обичаи? Ве советувам да размислите за одлуката, не му го одземајте на народот тоа малку достоинство што му е преостанато“, му одговори Мицкоски.

Тој му порача на Пендаровски да ја остави традицијата и обичаите да бидат такви какви што од баба на внук се пренесувале.

„На Илинденците, Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми и останати не им требала лажна политичка порака за обединување, не им треба политички шпалир за да сите до еден го положат својот живот за Македонија, тоа го почувствувале, се прегрнале, Македонец со Влав, Македонец со Албанец со Турчин… и го дале својот живот за својата Македонија. Македонија може и без Вас и без мене и без политичарите, но што сме ние без неа и народот!? И на крај, честит Илинден! Да е жива Македонија“, порача Микоски.

Поврзани содржини