Никоб Лаб: Брзината, капацитетот, квалитетот и пристапната цена можат да бидат реалност
Најголем дел од нашите тестови беа наменети за нашите навивачи кои заминаа да ја бодрат македонската фудбалска репрезентација, и сертификатите од тестот беа прифатени од соодветните држави без никакви проблеми, соопшти Никоб Лаб.
Во последните три дена кај нас се направени околу 1.500 ПЦР и брзи антигенски тестови и со тоа докажавме дека располагаме со најголем капацитет за правење на вакви тестови во нашата држава, информираше „Никоб Лаб“, која е една од најбрзорастечките сертифицирани лаборатории во Македонија.
„Најголем дел од нашите тестови беа наменети за нашите навивачи кои заминаа да ја бодрат македонската фудбалска репрезентација, и сертификатите од тестот беа прифатени од соодветните држави без никакви проблеми. Докажавме дека квалитетот, најсовремената метода и достапната цена можат да одат заедно“, соопшти компанијата.