Рускиот институт тврди дека вакцинираните со две дози на „Спутник V“ не го шират вирусот
„Спутник V“ е првата регистрирана вакцина против ковид-19 во светот. Нејзината употреба е одобрена во 66 земји каде што живеат над 3,2 милијарди луѓе.
Луѓето кои ги примиле обете компоненти на руската вакцина против ковид-19, „Спутник V“ не ја шират инфекцијата дури и ако самите се заразат, изјави водечкиот експерт на Рускиот национален институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Владимир Гушчин.
Тој рече дека оние кои биле вакцинирани со „Спутник V“ не претставуваат закана за другите луѓе.
– Оние кои ги примиле двете дози на вакцината имаат 14 пати помал ризик да добијат потешка форма на болеста доколку се заразат. Во тој случај, тие не го шират живиот вирус и затоа не изложуваат на други опасности – рече Гушчин, кој е раководител на лабораторијата за механизми на варијабилност на популацијата на патогени микроорганизми.
„Спутник V“ е првата регистрирана вакцина против ковид-19 во светот. Нејзината употреба е одобрена во 66 земји каде што живеат над 3,2 милијарди луѓе.
Ефикасноста на „Спутник V“ е 97,6 проценти, покажува најновата анализа на податоците од 3,8 милиони вакцинирани руски граѓани.