Макрон ја призна одговорноста на Франција за геноцидот во Руанда (ВИДЕО)

На ова патување, само оние кои ја поминаа таа ноќ можеби можат да простат и да ни го дадат дарот на прошка - рече претседателот на Франција.

350

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во Кигали дека само граѓаните на Руанда можат да и простат на Франција за нејзината улога во геноцидот во Руанда во 1994 година.

– Франција не ги послуша оние кои ја предупредуваа на претстојниот масакр во Руанда и де факто застана на страната на геноцидниот режим – рече Макрон за време на говорот за геноцидот во Меморијалниот центар Гизози во Кигали, каде што се погребани повеќе од 250.000 убиени припадници на народот Тутси, пренесува „Ројтерс“.






Но, Франција, како што изјави Макрон, не била соучесник во геноцидот.

– На ова патување, само оние кои ја поминаа таа ноќ можеби можат да простат и да ни го дадат дарот на прошка – рече Макрон.

По пристигнувањето во Кигали, главниот град на Руанда, францускиот претседател беше пречекан од претседателот на Руанда, Пол Кагаме, наведува агенцијата АП, со процена дека францускиот претседател се обидува да ги подобри односите со оваа централноафриканска земја 27 години по геноцидот.

Поврзани содржини