Луда журка со диџеј, без маски и без дистанца пред Музејот на Македонија (ВИДЕО)

Од МВР велат дека работат на расчистување на овој случај иако синоќа полицијата не успеала да ја детектира или да ја растури забавата.

1,097

Синоќа се одржала забранета журка среде пандемија во Скопје. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат дека без маски, без дистанца и со диџеј синоќа имало забава во центарот на главниот град пред Музејот на Македонија, објави Сител.

Од Музејот за уметност велат дека не се работело за журка туку за специјален перформанс.






Од МВР велат дека работат на расчистување на овој случај иако синоќа полицијата не успеала да ја детектира или да ја растури забавата.

Според сегашните протоколи забранети се масовни собири, задолжително е носењето маска на отворено и не е дозволено организирање настани со жива музика.

Поврзани содржини