Ѓорчев: Според реалната бројка на жители, во Македонија има над 1.800 починати на милион

Ѓорчев додаде дека целата работа која што требаше да ја направи Венко Филипче и Зоран Заев ова година е да набави вакцини. Грижата на Филипче и Заев за јавното здравје се сведе на една кутија на Табановце донирана како хуманитарна помош, милостина од Србија. Таа помош беше испросена и измолена. А, со таа помош ни се мајтапи целиот свет. 

533

Доволно е да ги погледнеме бројките и да ги видиме фактите, и се доаѓа до еден многу едноставен заклучок, а тоа е под прво дека Македонија е најлоша на светот кога станува збор за смртност по глава на жител или во топ три земји. Истовремено Македонија е земја која што има најмалку вакцини. Значи најмногу жртви, и најмалку вакцини, рече Владимир Ѓорчев, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Само Вистина“.

Тој додаде дека денес е еден тажен ден, ужасно лош ден за Македонија бидејќи официјално го допре бројот од 3.000 починати лица. Човек на таа бројка од 3.000 починати лица не може да биде рамнодушен, таа бројка воопшто не е мала за земја како што е Македонија.






– Никој не е понеуспешен од Македонија. Никој не е полош од Македонија. Ако ги погледнете светските листи Македонија е на 5-то, 6-то, седмо место се менува од ден на ден, но важниот момент е дека тие пресметки кои што се прават се прават врз основа на минатиот попис кој што беше нерелевантен и кој што го немаме веќе 20-тина години, а кој што покажува 2.1 милион жители во Македонија. Македонија реално има 1.7 милиони жители. И ако ја правиме пресметката за 1.7 милиони жители, а не 2.1 милион жители како што сега се прави, за тоа што сите знаеме дека имаме стотици илјади луѓе кои што фигурираат дека се во Македонија, а реално не се, тогаш доаѓаме до бројката дека овие 3.000 починати лица од ковид-19 одеднаш не се 1.500 на еден милион жители, туку се повеќе од 1.800 на еден милион жители –  заклучи Ѓорчев.

Според него, владата е неспособна да се справи со ковид-19.

– На секој му треба повеќе вакцини, но колку помалку има од нула. Има ли полош резултат од нула, Македонија има нула вакцини. Нула, а тоа е ништо. Има еден куп мали земји, погледнете во ЕУ, Балтичкиве земји, Естонија, Латвија тие се помали од Македонија. Литванија е нешто со слична големина. Босна и Херцеговина почна со вакцинација пред недела дена донесоа вакцини. А,  Албанија пред еден месец донесе вакцини и прв се вакцинираше премиерот Еди Рама. Мислам дека беше на 11.01 или 15.01. Ние сме најлоши на светот – заклучи Ѓорчев.

Ѓорчев додаде дека целата работа која што требаше да ја направи Венко Филипче и Зоран Заев ова година е да набави вакцини. Грижата на Филипче и Заев за јавното здравје се сведе на една кутија на Табановце донирана како хуманитарна помош, милостина од Србија. Таа помош беше испросена и измолена. А, со таа помош ни се мајтапи целиот свет.

– Прво дали Македонија има 3.000 починати? Има! Има ли некој од соседните земји која што има повеќе мртви? Нема! Косово вчера имаше околу 1.544. Дупло повеќе имаме од Косово, ако Косово има исто жители како Македонија. Србија има некаде околу 4.000, но таа има седум милиони жители, а Македонија има под два милиони жители –  појасни Ѓорчев.

Ѓорчев додаде дека Македонија во Европа е прво или второ место. А, во светот Македонија е меѓу први пет или во први три со најмногу мртви.

 

 

Поврзани содржини
na