Директорот на ФЗОМ вработува асистент, услов е завршена ликовна академија?!
Вицепремиерот Љупчо Николовски, пак, најави дека има нелогичности во огласот на ФЗО и воедно најави дека се работи на измени во постоечката систематизација.
Фондот за здравствено осигурување бара советник на директорот за административна поддршка со услов за завшрено ликовно образование.
– Ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Јавна управа и администрација, Ликовна уметност, Oрганизациски науки и управување (менаџмент) – стои во огласот.
Директорот на ФЗО Фатон Ахмети за „360 Степени“ изјави дека огласот е во согласност со систематизацијата за вработувања од 2019 година и не можело да биде објавен со поинакви услови од веќе однапред определените.
– Според изменетиот Правилник за вработувања во институцијата, систематизацијата е од октомври 2019. За ова работно место предвидени се трите професии: Јавна управа и администрација, Ликовна уметност, Oрганизациски науки и управување (менаџмент) и должни сме да го објавиме огласот со оваа систематизација – вели Лимани.
Вицепремиерот Љупчо Николовски, пак, најави дека има нелогичности во огласот на ФЗО и воедно најави дека се работи на измени во постоечката систематизација.