Извор рекол дека Рита сакала да „размисли за сè“ за време на своето патување, откако била критикувана за кршење на правилата за карантинот со нејзината прослава на роденденот, за што подоцна се извини.
„Ја погоди силно затоа што знае дека направила грешки, но сакаше да биде јасно колку се кае и потоа се оддалечи за да остане малку надвор од центарот на вниманието“, рече изворот,пишува британски „Метро“.
Освен јавноста, и дел обожавателите ѝ свртија грб кога ги прекрши здравствените протоколи поканувајќи 30 луѓе на својата роденденска забава во Лондон за што ѝ беше изречена казна од 10.000 фунти.
Музичката ѕвезда снимала на нов видео спот со надеж дека ќе го оттргне вниманието на британската јавност, па решила снимањето да го премести во Бугарија, надевајќи се дека таму нема да привлече големо внимание. Сепак, таквите нејзини обиди останаа безуспешни, поради појавата на новата мутација на корона вирусот и стопирањето на авиолиниите што следуваше.
Таа, исто така, ги игнорираше регулативите за изолација по враќањето од нејзиното патување во Египет, па мораше повторно јавно да се извинува за своите постапки.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм