Кејт и принцот Вилијам бараат куќна помошничка, „срамната“ плата што ја нудат предизвика бура на интернет

1,367

Кралската двојка е во потрага по асистент кој ја почитува доверливоста и дискрецијата, има „организиран пристап“ и е во состојба да заврши „различна работа“.

Принцот Вилијам и неговата сопруга, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, сакаат да вработат слугинка, но поради платата што ја нудат настана расправа на друштвените мрежи, пишуваат странските медиуми.






Една од предностите на понудената работа е преселување во палатата Кенсингтон, но и патувања до замокот Виндзор и палатата Бакингем.

Она што предизвика коментари е износот на годишната плата што е точно 19.140 фунти. Од друга страна, просечната плата во Велика Британија во 2019 година беше 36.611 фунти.

Сепак, според страницата за вработување Гласдор, платата што ја нуди кралскиот пар е сепак поголема од просечната годишна плата на една слугинка во Велика Британија, која изнесува 17.016 фунти.

Додека некои мислат дека Вилијам и Кејт понудиле засрамувачки мала плата, други тврдат дека износот е во согласност со работата.

„Кој ќе преживее со таа сума? некои прашуваат, додека други одговараат: „Живееш со нив, патувањата ти се плаќаат, се обезбедува храна. Тоа всушност не е лоша понуда“.

 

Поврзани содржини