ЗАВРШИ „МЕГЗИТ“, ХАРИ И МЕГАН СЕ ВРАЌААТ ДОМА Арчи и Лилибет ќе тргнат во училиште во Велика Британија

Војводата и војвотката од Сасекс ќе се вратат во Велика Британија на крајот од овој месец, објавуваат британските медиуми. Сепак, нивниот статус нема да се промени, односно, нема да имаат кралски должности, а новиот дом ќе биде приватна резиденција надвор од Лондон.

110

Принцот Хари и Меган Маркл се подготвуваат за голема промена во семејниот живот – по шест години поминати во САД, тие заедно со своите деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет, се враќаат во Обединетото Кралство на подолг период. Информацијата првично ја објави „People“, повикувајќи се на извори блиски до семејството, а ја потврдија и Reuters и Associated Press. Според достапните информации, семејството треба да се пресели кон крајот на август, додека Арчи и Лилибет во септември треба да започнат училиште во Британија.

Иако станува збор за голем пресврт, Хари и Меган и понатаму ќе останат неактивни членови на кралското семејство и нема да добиваат јавни средства по основа на кралски должности. Наместо кралска резиденција, семејството ќе живее во приватна резиденција чија точна локација засега не е објавена.






Според британските медиуми, точната локација на новиот дом и училиштето што ќе го посетуваат децата на Хари и Меган Маркл се чуваат во тајност од безбедносни причини, но се знае дека станува збор за имот надвор од срцето на Лондон кој им нуди целосна приватност.

Се верува дека семејството се сели во дом кој не е дел од кралскиот имот, а се шпекулира дека ќе се населат во областа Котсволдс и Нортхемптон, во близина на имотот на семејството Спенсер, Алторп. Во 2020 година, пред да заминат за САД во шокантен потег наречен „Мегзит“, двојката живеела во Фрогмор Котиџ. И покрај тоа што живееле таму помалку од една година, Сасексови сепак потрошиле 2,4 милиони фунти за реновирање и мебел. Куќата наводно била исполнета со мебел од продавницата „Сохо Хоум“, а биле заменети и таванските и подните греди.

На нивната венчавка во 2018 година, двојката потпишала двегодишен договор за закуп на имот во Котсволд вреден 4,12 милиони фунти во близина на Чипинг Нортон. Куќата со четири спални соби, сместена на имотот Грејт Тју, има и пренаменета штала, како и куќичка со две спални соби.

Сепак, двојката не ги напушта САД трајно. Тие го задржуваат својот раскошен имот Монтесито, кој останува нивен главен американски дом и за деловни и за приватни престои. „Дејли меил“ објавува дека тие ќе го задржат и своето живеалиште во Португалија, а сè уште не е познато дали нивното преселување во Велика Британија ќе биде трајно.

Кралот Чарлс не бил вклучен во одлуката донесена од неговиот син и снаа. Тоа било изненадување за него и за поширокото кралско семејство. На кралот му било кажано неодамна дека Хари и Меган ќе се вратат. Наводно, тој ја поздравува одлуката и можноста да помине повеќе време со семејството на Хари.

Особено важен дел од одлуката е образованието на децата. Арчи, кој има седум години, и Лилибет, која има пет, во септември треба да тргнат во британски училишта. За нив тоа ќе биде прво подолготрајно школување во Велика Британија. Децата летово беа во Британија првпат по 2022 година, а нивното враќање сега значи дека ќе поминуваат многу повеќе време во земјата.

Одлуката доаѓа во период во кој односите меѓу Хари и неговиот татко, кралот Чарлс, повторно покажуваат знаци на затоплување. Минатиот месец Хари, Меган и децата се сретнаа со Чарлс во Хајгроув, што било особено значајно бидејќи кралот последен пат ги виде внуците во 2022 година. Reuters наведува дека односот меѓу Хари и Чарлс изгледа подобрен, иако тензиите со принцот Вилијам и понатаму се присутни.

Сепак, останува едно големо прашање – безбедноста. Хари со години води правна битка околу нивото на полициска заштита што му се обезбедува во Британија. Во 2025 година, откако ја загуби жалбата поврзана со безбедноста, тој изјави дека во тој момент не можел да замисли да ги врати сопругата и децата во Велика Британија. Токму поради тоа, одлуката сега да живеат подолг период во земјата претставува значителна промена. Какви точно безбедносни мерки ќе има семејството, засега не е објавено.

 

Поврзани содржини