ДИВА ГРАДБА – ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.Р. (38) од тетовското село Желино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, во текот на 2019 година, како сопственик на локација во населбата „Елен Камен“, атар на струшкото село Калишта, без соодветно одобрение и спротивно на основниот проект, започнал со изградба на викенд куќа.
АПСЕЊЕ ВО ГТЦ – На 04.10.2020 во 22.35 часот на ул.„Кеј 13ти Ноември“, во Градскиот трговски центар од полициски службеници од СВР Скопје бил приведен А.И.(35) од Скопје бидејќи го нарушил јавниот ред и мир. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 4, 6 и 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
НАСИЛСТВО НА УЛИЦА АТИНСКА – На 04.10.2020 во 21.35 часот во СВР Скопје, С.П.(21) од Скопје пријавил дека на ул.„Атинска“ С.С. (21) од Скопје агресивно се однесувал кон него. С.С.(21) од Скопје бил приведен и сочинет е записник за констатиран прекршок по член 4, член 13 и член 6 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
ОГРАБЕНА ОБЛОЖУВАЛНИЦА – На 04.10.2020 околу 05.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека непознат сторител со употреба на сила влегол во спортска обложувалница на ул.„Ѓорги Поп Христов“ и одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
КРИВИЧНА ЗА ГОСТИВАРЦИ – СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Ц.(26) и В.Д.(26), двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштење во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 14.10.2019 на локалниот пат Сараќино-Желино, тетовско, полициски службеници сопреле патничко возило во кое биле пријавените и при нивен преглед пронашле и одзеле марихуана и таблети метиелен-диоксиметамфетамин (MDMA).
ДОМА ЧУВАЛ ХЕРОИН – СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.И.(61) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 15.11.2019, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Тетово, при што пронашле и одзеле хероин.
ДОМА ИМАЛ СЕМКИ ОД МАРИХУАНА – ОВР Кочани поднесе кривична пријава против М.В.(23) од с.Прибачево, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 18.04.2019, полициски службеници извршиле претрес во домот на дедото на пријавениот во нас.Оризари, при што пронашле и одзеле семки од растението Cannabis Sativa.
ОБИД ЗА УБИСТВО – СВР Скопје- Единица за насилен криминал до Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Х.С.(19) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство во обид, казниво по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик. На 16.04.2020 во атарот на село Петровец, пријавениот, по претходна вербална расправија поради фамилијарни проблеми и нетрпение, со тврд предмет го нападнал Е.Л.(39) од Скопје, по што со пиштол испукал неколку куршуми кон него.
(ИЗВАДОК ОД ДНЕВНИОТ БИЛТЕН НА МВР ОД 06.10.2020)