Повторно заедно: Фотографиите на Џенифер и Бред ги полудеа фановите ФОТО

900

Петнаесет години по разводот, актерите Џенифер Анистон и Бред Пит ќе учествуваат во акцијата „Fast Times at Ridgemont High“, која ќе се бори за собирање средства за најпогодените од коронавирусот.

Поранешните сопружници Џенифер и Бред се приклучија на специјалното вклучување преку интернет, во кое ќе учествуваат и други познати лица, а ќе се емитува за два дена, в четврток.






Првите фотографии од вклучувањето протекоа во јавноста, на кои гледаме како изгледаат Џенифер и Бред за време на разговорот, кој ќе им помогне на многумина.

Покрај нив, во оваа акција ќе имаме можност да ги видиме и Морган Фримен, Џулија Робертс, Метју Меконахи и други, а овој потег на познати личности го поздравија многумина ширум светот.

 

Image

Поврзани содржини