Во најава е откуп на стаж за пензија
Ова го имаме затоа што приходите во Фондот за пензиско растат и во време на корона-криза и тоа седум до осум отсто - рече Заев
Денеска Зоран Заев од позиција на мандатар најави носење на нов Закон за пензионирање. Според него, приходите во Фондот за пензиско осигурување растат, па се отвора можност граѓаните кои ќе сакаат порано да заминат во пензија, тоа да го сторат преку откуп на стаж. Сепак, првичните информации се дека нема да може да се докупат повеќе од 5 години работен стаж.
– Ова го имаме затоа што приходите во Фондот за пензиско растат и во време на корона-криза и тоа седум до осум отсто. Пред кризата растеа и до 12 – 13 отсто. Фондот како што знаете е стабилизиран и има таква можност… – изјави Зоран Заев мандатар.
Најавите се дека минималната пензија во периодот што следи ќе изнесува 10.700 денари. Вчера техничкиот премиер во заминување Оливер Спасовски откри дека се подготвува нов – четврти пакет мерки за полесно пребродување на здравствено-економската криза. Според првичните најави, сега се планира да се делат платежни картички на пензионери кои имаат пензија до 15 илјади денари. Финансиска помош е предвидена и за невработените кои не се заинтересирани да најдат работа, за самохраните родители и за стечајните работници.