Димитриеска Кочоска: Кого штитела гувернерката кога дозволила Еуростандард банка да дава кредити без покритие?

Димитриеска Кочоска побара да се утврди кои струмички компании имале кредити без покритие во Еуростандард банка и како тие се поврани со власта - рече таа.

721

Претседателката на Комисијата за материјално финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска  сенеска за пропаѓањето на  Еуростандар банка ја обвини гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска бидејќи толериранла мала банка да има толку нефункционални кредити и праша кого штитела таа дали струмичките компании кои имале кредити без покритие во Еуростандард банка и како тие се поврани со власта.

Димитриеска Кочоска праша:






– Кога адвекватноста на капиталот на Еуростандард банка падна под законскиот минимум? Зошто одлуката за одземање на лиценцата на Еуростандард банка се прави во овој момент и зошто истото не се направи пред избори? Кого штитеше гувернерката во последната година ако се земе предвид дека еден од сопствениците на банката јавно кажува дека овој проблем постои веќе една година? Дали толку време беше потребно избрана група на луѓе и компании да ги повлечат своите средства и да ја прекинат соработката со банката, како што е случајот со министерката за финансии?

Димитриеска Кочоска рече дека самата гувернерка  признала дека нефункционалните кредити се 4,7% од вкупните кредити, од кој цел еден процент отпаѓал на само една банка Еуростандард банка.

– Значи некој свесно дозволил давање на кредити без покритие, а од вкупните нефункционални кредити де факто над 21% отпаѓа на банка која гувернерката вели дека е незначајна за банкарскиот систем врз основа на тоа што Еуростандард банка со состојба на 30 јуни 2020 година учествува во вкупната актива, вкупните депозити и вкупните кредити на банкарскиот систем, со 1,3%, 1,7% и 1,6%, соодветно.Зошто е толерирано волку мала банка да има толку нефункционални кредити – рече таа

Димитриеска Кочоска побара да се утврди кои струмички компании имале кредити без покритие во Еуростандард банка и како тие се поврани со власта. Таа праша и колку компании се уништени со оваа одлука и колкав е износот на депозити на правните субјекти и физички лица кои не се гарантирани и кои не можат да ги повлечат.

– Кој ќе сноси одговорност за влошување на состојбата во бизнис секторот кој и онака трпи сериозни последици.Воедно се отвораат и други дилеми, кој ќе преземе одговорност за ширењето на корона вирусот кога над 55,000 граѓани веќе трчаат во други банки да отвораат сметки. Кој ќе сноси одговорност доколку дел од овие граѓани поради целиот овој хаос останат без приходи следниот месец? Колку оваа одлука ќе има влијание на ликвидноста на македонска пошта и
дали ќе влијае на бројот на вработени? Оваа одлука која се носи во најголема здравствена и економска
криза без работа остануваат околу 170 вработени кои имаат свои фамилии – праша таа.

 

Поврзани содржини