Скопјанец паднал од автобус, кавадарчанец од мотор, а велосипедисти се судриле на кејот на Вардар

438

Му пронашле марихуана на пат кон Средно Водно На пат од црква „Св. Пантелејмон“ кон Средно Водно вчера во 17.20 часот од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода В.С.(21) од Скопје, бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случајот, информираа денеска од МВР, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.






Кавадарчанец паднал од мотор и тешко се повредил Вчера околу 17.30 часот на ул.„Шишка“ во Кавадарци, С.З.(51) од село Сопот, управувајќи мотоцикл „кинки“, со кавадаречки регистарски броеви, изгубил контрола и паднал. Во незгодата тој се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во болницата во Кавадарци, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен е увид на местото на незгодата. Увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициска станица Кавадарци.

Скопјанец паднал од автобус во Ѓорче Вчера напладне на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, превезувајќи се во автобус на ЈСП-Скопје „ман“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.В.(37) од с.Јурумлери, скопско, паднал и се повредил Д.Ш.(78) од Скопје. Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Скопје.

Се судриле велосипедисти на кејот на Вардар Синоќа во 20.00 часот на велосипедската патека на кејот на реката Вардар во Скопје се случила незгода помеѓу два велосипеда, едниот управуван С.А.Д.(52), а другиот од Н.К.(35), и двајцата од Скопје. По незгодата, велосипедистите биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде на С.А.Д. ѝ биле констатирани тешки телесни, а на Н.К. телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Скопје.

Го каснало куче во центар на Скопје Вчера во 18.50 часот во Полициска станица Центар, И.А.(34) од Скопје пријавил дека во близина на Клуб на пратеници, на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, бил каснат од куче скитник.

Двајца скопјани возеле нерегистрирани возила Во текот на 28.07.2020 на подрачјето на СВР Скопје санкционирани се две возила бидејќи биле нерегистрирани и двајца возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, а 37 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Жена касната од куче во Гази Баба На 28.07.2020 во 10.00 часот во Полициска станица Гази Баба, Г.К.(42) од Скопје пријавила дека во близина на трговски центар на ул.„Пехчевска“ била касната од куче скитник.

Поврзани содржини