📽️ БРИТАНЕЦ ЈА ПОФАЛИ МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА Не очекувал дека средбата ќе заврши со срдечен гест
Британски моторџија не знаел што да очекува кога полицијата го запрела среде ноќ во Македонија. По проверката на документите, полицаецот го посоветувал да се чува и му посакал среќен пат.
Британски моторџија кој патувал низ Македонија останал изненаден од средбата со македонски полицаец. По проверката на документите, наместо непријатност, добил совет да се чува и желби за среќен пат кон Лондон.
Неочекуваната средба патникот ја сподели на Фејсбук, каде што раскажа дека првично не знаел што да очекува кога полицијата го запрела среде ноќ. Видеото може да се погледне ОВДЕ.
„Македонија. Ноќ. Тогаш ме запре полицијата…
На миг, не знаев што да очекувам.
Ми ги проверија документите, ми поставија неколку прашања… а потоа ме изненадија.
Наместо да создадат стресна ситуација, искрено ми порачаа да се чувам и ми посакаа среќен пат.
И јас им посакав среќа… и продолжив да возам низ ноќта.
Понекогаш најдобрите спомени доаѓаат од моменти кои најмалку ги очекувате.
Дали некогаш ве запрела полиција, а ситуацијата завршила со љубезност наместо со проблеми?“
Британецот објавил и видео од средбата, а за музичка заднина ја избрал познатата песна на „Бјело дугме“ од 1983 година „Милиција тренира строгоќу“.