КРАВИТЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА ГО ОБИКОЛЕИЈА СВЕТОТ Медиумите објавија видеа и прилози за македонскиот проблем

Повеќе странски медиуми го актуелизираа проблемот со стадото крави кои слободно се шетаат низ Крива Паланка, проблем кој не се решава веќе неколку години.

9

Проблемот со кравите кои неконтролирано се движат низ Крива Паланка се најде и во странските медиуми.

„Еуроњуз“, видео без коментар во кое се гледа како  животните предизвикуваат материјални штети и вознемиреност кај локалното население. Крави можат да се забележат на улиците, во сообраќајот, парковите и во близина на семејните куќи, дури и во ноќните часови.






Новинската агенција Асошиејтед Прес исто така видео прилог од Крива Паланка кој го објавија медиумите од регионот и светот. Во прилогот истакнува дека кравите се шетаат слободно низ градот и предизвикуваат хаос, а локалната власт не успева да се справи со него.

Според агенцијата проблемот е актуелен со години, а жителите на Крива Паланка, се борат со стадо говеда кое пораснало на повеќе од 1.000 животни, уништувајќи имот и загрозувајќи го нивниот живот.

АП објави изјава и од градоначалникот на општината Сашко Митовски во врска со проблемот.

Поврзани содржини