Кортни Кардашијан конечно откри зошто решила да го напушти семејното реално шоу „Во чекор со Кардашијан“.
После 13 години, Кортни одлучила да го ограничи своето појавување пред камерите затоа што се чувствувала неисполнета и смета дека атмосферата во шоуто токсична.
– Го снимам шоуто нон-стоп веќе 13 години, 19 сезони и шест спин-оф сезони. Се чувствувам неисполнето и тоа стана токсично опкружување за мене кое заземаше голем дел од мојот живот – рекла Кортни Кардашијан за „Вог Арабија“.
Таа исто така објаснила дека ја негува својата приватност, што ѝ било тешко додека била постојано во медиумите.
– Приватноста е нешто што го ценам и тешко е да се пронајде рамнотежа меѓу приватните моменти со појавувањето во реалното шоу. Луѓето мислат дека не сакам да работам, што не е точно. Ја следам својата среќа и ја вложувам својата енергија во она што ме прави среќна – додала таа.
Нагласила дека се обидува да не користи мобилен телефон кога е со своите три деца.
– Секогаш се обидувам кога сум со децата да не бидам на мојот мобилен телефон, да бидам присутна во она што го правиме и да имаме моменти кога се гледаме едни со други во очи и се поврзуваме. Тоа е многу важно – заклучила Кортни.
Ријалити ѕвездата се одлучила на постепено заминување од шоуто откако тензиите меѓу познатите сестри довеле и до физички конфликт во една од епизодите на шоуто. Имено, Ким и Кортни физички се пресметаа, а сè беше снимено од камерите.
ФОТО: Инстаграм