УПОЗ достави барања до политичките партии учеснички на изборите
УПОЗ бара политичките партии да му одговорат до 08.јули.
Коренити реформи во судовите и јавните обвинителства, усогласување на платите на судските и јавнообвинителските службеници со платите на судиите и обвинителите како и .укинување на одредбите од Законот за извршување на буџет кои ја ограничуваат или стопираат исплатата на надоместоците и додатоците на плата за вработените.
Ова се дел од барањата што денеска до сите политички партии кои учествуваат на предвремените парламентарните избори ги упати Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ).
Од УПОЗ бараат и доследна примена на одредбите од колективните договори и афирмирање на социјалното партнерство; како и сразмерен раст на платите во администрацијата и правосудството со порастот на минималната плата.
– Најавената реформа и спојувањето на институции во администрацијата да се спроведе без губење на работните места, особено на референтите кои се со најниски плати во државата – велат од УПОЗ.
Синдикатот бара и мораториум за нови вработувања и вработувања на определено време се додека не се исцрпат можностите за унапредување на вработените во администрацијата и правосудството.
Синдикатот на УПОЗ додаваат, е подготвеност да одржи работни средби со политичките партии на кои дополнително ќе ги образложи своите барања.
УПОЗ бара политичките партии да му одговорат до 08.јули.