Во Албанија расте бројот на заразени со Ковид 19

Сакам да кажам дека сите тестирања на персоналот во болницата во Драч се негативни. Ова значи дека здравстениот кадар ги следел препораките. Се очекуваат резултатите од анализите на пациентите кои биле хоспитализирани во оваа болница, како и блиските на починатата пациентка, рече таа.

387

Албанската министерка за здравство Огерта Манастирлиу, информираше дека бројот на заразените со Ковид 19 се зголемил на 15 лица.

– Од досега тестираните  283 случаи 15 се позитивни. Само денска тестирани се 84 лца, од што тројца беа позитивни – рече Манастирлиу.






Таа информираше и околу состојбата со персоналот во болницата во Драч, каде беа тестирани 50 лекари, медицински сестри и друг персонал кои имале контакт со сега веќе починатата жена.

– Сакам да кажам дека сите тестирања на персоналот во болницата во Драч се негативни. Ова значи дека здравстениот кадар ги следел препораките. Се очекуваат резултатите од анализите на пациентите кои биле хоспитализирани во оваа болница, како и блиските на починатата пациентка, -рече таа.

Денеска 73-годишна жена од Драч почина од сериозни компликации, бидејќи боледувала и од други срцеви и белодробни болести. Таа пред 15 дена се вратила од Италија, а била хоспитализирана во болницата во Драч на 3 март.

Таа го демантираше лидерот на опозициската Демократска партија Љуљзим Баша и му порача дека никогаш нема да се занимава со него.

– Последен пат ќе се занимавам и ќе ги спомнам опозицијата и Љуљзим Баша. Во последните 24 часа има три факти – докази кои ја побиваат пропагандата на Баша, маските, болницата во Драч каде тој го крена алармот дека се заразени лекари и медицинските сестри и заштитната опрема – рече министерката.

Баша обвини дека заштитните маски се со изминат рок и оти здравствениот персонал нема доволно заштитна опрема,зашто според него, беа и заразените од персоналот во Драч

Поврзани содржини