Затворен патувачкиот луна парк на бул. „Борис Трајковски“

857

Патувачкиот луна парк, кој е поставен на раскрсницата на бул. „Борис Трајковски“ и бул. „Србија“ во Кисела Вода е затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Директорот на Државен пазарен инспекторат Стојко Пауновски, на денешната прес-конференција, во одговор на прашање рече дека луна паркот е затворен од нивна страна, бидејќи е забрането вакви луна паркови да работат сега.






– Луна паркот има уредно издадена дозвола, но забранета е рабоата на луна парковите сега. Истиот е затворен во петокот или саботата, а од нивна страна било кажано дека не знаеле дека не смеат да работат-  истакна Пауновски.

Фото: МИА

Поврзани содржини