Убавата актерка се вратила во татковината и волонтира во болниците за да им помогне на болните со коронавирус ФОТО
Моран Атијас, манекенка и актерка, по потекло од Израел, се вратила во родната земја за да им помогне на луѓето кои боледуваат од коронавирус.
Моран, која е најпознат по улогата во серијата „Тирант“, е една од волонтерите во болницата Ичиов во Тел Авив, пренесува „Ерусалим пост“. Таа се врати од Лос Анџелес во татковината пред месец и пол за да биде поблиску до семејството во текот на пандемијата.
Манекенката ги заменила раскошните фустани со заштитно одело, така што сега таа менува чаршафи во болницата и им носи вода на пациентите. Се пошегувала дека сега ѝ се гледаат само очите, па никој не ја препознава.
– Мислам дека им дадов можност на овие луѓе да видат како и самите можат да волонтираат. Ова е добра прилика да се префрли фокусот на нешто друго, освен само на тоа како сум облечена – рекла таа.
FOTO: Instagram