Хакирани над 500.000 „Zoom“ профили

Експерти на компанијата „Cyble“ открија дека хакери продаваат податоци од корисници на апликацијата „Zoom“ и тоа по евтини цели, а понекогаш и бесплатно.

1,620

Хакирани профили во апликацијата за видео конференции „Zoom“ станаа производи, кои масовно се продаваат на „dark web“ и во форуми за хакери, информира „Forbes“.

Според „BleepingComputer“, каде разговарале со компанијата за компјутерска безбедност „Cyble“, во моментов има податоци за пристап до над 500.000 „Zoom“ профили кои се достапни за продажба, и иако поголемиот дел се поврзани со претходни хакерски напади, некои се вистински.






Експерти на компанијата „Cyble“ открија дека хакери продаваат податоци од корисници на апликацијата „Zoom“ и тоа по евтини цели, а понекогаш и бесплатно.

„Cyble“ успеа да дојде до над 530.000 профили преку хакерски форум на „dark web“, а меѓу украдените профили биле и на вработени во оваа компанија.

Податоците содржеле URL-линкови за состаноци и лозинки за „Zoom“. Од „Cyble“ ги контактирале сопствениците на профилите и потврдија дека податоците се валидни, објави „Forbes“.

Од „Bleeping Computers“ исто така контактираа некои од сопствениците на компромитираните профили и потврдија дека податоците се точни.

Податоците на „dark web“ биле понудени за помалку од пени по профил, а некои биле пуштени гратис и на форумите хакерите се шегувале на сметка на корисниците на „Zoom“.

„Cyble“ потврди дека бесплатните профили на „Zoom“ почнале да се појавуваат на „dark web“ на 1 април, а понудени се и „e-mail“ адреси и лозинки. Меѓу нив има корисници од универзитетите во Вермонт, Колорадо, Дармут, Лафајет, Флорида и многу други.

Исто така, хакирани се и корисници на „Zoom“ од познати компании како „Chase“, „CityBank“ и други.

Експертите советуваат за секој онлајн профил, вклучувајќи го мејлот, да се користат различни лозинки кои не треба да содржат лични податоци како датум на раѓање, телефонски или матичен број, адреса и слично.

Поврзани содржини