88 пратеници и 200 службеници од Собранието примиле прва доза „Спутник V“
Останатите пратеници и вработени во службите во консултација со лекари дополнително ќе бидат вакцинирани.
Осумдесет и осум пратеници од Собранието и околу 200 вработени во собраниските служби ја примиле првата доза вакцина против ковид-19, соопшти денеска претседателот на законодавниот дом Талат Џафери.
Втората доза од вакцината на „Спутник V“, пратениците треба да ја примат на 14 мај, додека службениците неколку дена претходно.
Останатите пратеници и вработени во службите во консултација со лекари дополнително ќе бидат вакцинирани.
Во соодветен термин ќе бидат ревакцинирани и припадници на внатрешното обезбедување и вработените од СОЗР кои сe распоредени на работа во зградата на Собранието.