ДДВ НА ДИЗЕЛОТ ЌЕ СЕ НАМАЛИ ОД 18% НА 10% Мицкоски најави нова мерка за ублажување на ценовниот шок

Очекуваме, наместо да има драматично зголемување, да има намалување на цената на дизел горивото. Секако дека тоа ќе има импликации врз буџетот, но наш интерес е да го штитиме стандардот на граѓаните - рече Мицкоски.

278

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека владата ќе донесе мерка за намалување на ДДВ на дизелот од 18% на 10%. Оваа мерка ќе биде донесена на денешната владина седница која ќе се одржи онлајн, откако во петокот берзата затвори со околу 10 проценти повисока цена на нафтата и можеше да резултира со значително поскапување на горивата дома.

Со намалувањето на ДДВ и намалената акциза, која мерка е донесена претходно, се очекува да има ублажување на ценовниот шок.






– Ќе донесеме уште една мерка за намалување на ДДВ на дизел горивото од 18% на 10% со што очекуваме наместо да има драматично зголемување да има намалување на цената на дизел горивото. Секако дека тоа ќе има импликации врз буџетот, но наш интерес е да го штитиме стандардот на граѓаните – рече Мицкоски.

Поврзани содржини