ШЕСТ КАНДИДАТСКИ ЛИСТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА БРВЕНИЦА Две се од група избирачи
Изборите за градоначалник на Брвеница, собранискиот претседател Африм Гаши ги распиша за 18 октомври.
Ноќеска на полноќ заврши рокот за поднесување кандидатски листи за предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Според ДИК, поднесени се вкупно 6 кандидатски листи, од кои 4 од коалиции и 2 од групи избирачи.
– Кандидатот Јовица Радески е кандидат за градоначалник на Коалиција за Предвремени избори за градоначалник на општина Брвеница 2026 година предводена од СДСМ„- СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА-СДСМ, Нова Социјалдемократска партија- НСДП, Странка на демократска акција на Македонија и Партија за демократски просперитет на Ромите-ПДПР, Десница; Јакуп Усеини – кандидат на КОАЛИЦИЈА ВРЕДИ/ВЛЕН; Стојанчо Радически – кандидат на КОАЛИЦИЈА „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА”; Аркин Јахији – кандидат на НАЦИОНАЛНА АЛИЈАНСА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА – НАИ; Арифе Идризи – кандидатка на ГРУПА ИЗБИРАЧИ – АРИФЕ ИДРИЗИ и Душан Богдановски кандидат на Група избирачи ДУШАН БОГДАНОВСКИ – посочуваат од ДИК.
Изборите за градоначалник на Брвеница, собранискиот претседател Африм Гаши ги распиша за 18 октомври.