📽 75-МИНУТЕН МОЛК ПРЕД МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО БЕЛГРАД Граѓаните им оддадоа почит на жртвите од Кочани и Нови Сад
Граѓаните положија цвеќе и запалија свеќи, а им се приклучи и македонскиот амбасадор во Србија.
Студенти и граѓани денеска пред македонската амбасада во Белград, оддадоа почит на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани и загинатите на железничката станица во Нови Сад, со 75-минутен молк.
Граѓаните положија цвеќе и запалија свеќи, а им се приклучи и македонскиот амбасадор во Србија.
Улицата пред амбасадата, како што пишуваат српските медиуми, беше блокирана.
Студентите на Факултетот за медиуми и комуникации во Белград синоќа преку својот Инстаграм профил ги повикаа граѓаните да им се придружат во 15-минутно молчење, при што ќе додадат минута за секоја жртва од Кочани.
View this post on Instagram